Пред извесен период со прва фотосесија се промовираше официјално новиот дуо состав “Flamingo Bend”. Она што е интересно за овој состав е нивната умешност на нивните настапи кој нудат разноврсен вид на музика како (џез, поп, рок и традиционална македонска музика) споено со феноменалниот вокал на Орде Неделковски кој е дел од бендот.
“Иако сме тазе, сепак ќе се потрудиме да го дадеме максимумот од себе за да ги задоволиме сите вкусови на публиката, што досега добро ни оди за овие три месеци како постоиме”, изјави Орде Неделковски. Најново од нив е што спремаат ковер изведба на познат српски изведувач за кој за некој месец ќе дознаеме, а ќе биде проследено со видео спот во романтична сцена. Во продолжение погледнете ја нивната фотосесија која ја имаат пред недела дена на следниов линк.
Подготви: Редакција Музика24
