Балканленд

Го раздрма Сплит: Жељко Јоксимовиќ со овации го дочекаа 12.000 жени

Салата била полна пред почетокот на самиот концерт, а неговото име го скандирале и после завршувањето на неговиот спектакуларен перформанс. Со години очекуван концерт од страната на хрватската публика го дочека и тој момент да бидат заедно со него на “денот на жената” каде дваипол часа се пееја без престан неговите песни. Она што беше интересно е тоа што посебно од првиот ред фрлаа цвеќиња на сцената за да го привлечат вниманието покрај себе од помладата генерација.

“Не верувам дека вакво нешто ќе се случи за неколку години, ова ќе ми остане во долго сеќавање”, изјави Жељко Јоксимовиќ кој и покрај исцрпувачкиот концерт остана малку да сподели автограми на подрагата публика.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: