Флуктуирачка енергија која ги буди сетилата и ја достигнува екстазата на хедонизмот, настан кој ги заслужува сите позитивни суперлативи консолидирајќи ги во една космополитска визија со музичко уверување. Штип се буди со мисијата за прокламирање на најквалитетната клубска музика со имињата кои значат синоним за истата!
Алармот е поставен! Се активира на 21-ви март во Club Мystic – Штип со “Wake Up Music Festival”
Музичката лекција ќе биде презентирана од ненадминливиот во својот музички домен, човекот кој пишува биографија за хаус и транс музиката со своите перформанси, германскиот диџеј и продуцент кој Штип го додаде на мапата на својата светска турнеја – единствениот Томкрафт. Во име на ветеното – најдобро за Вас, со свој диџеј – сет ќе настапат: Владимир Ачич од Србија; Борче Панов од Македонија; Кристијан Кракен во back2back сет со Момо Добрев од Бугарија!
“Wake Up Music Festival” – Feel the butterflies!
Подготви: Магдалена Атанасовска
