Во срцето на Белград, со високо квалитетно вино, одлична адмосфера, музика и песни од целиот Балкан, помина стоби вечерта во ресторанот “Језеро”, каде финалистите од регионалното тв шоу “X Factor” се дружеа со новинарите и дел од своите фанови.
Веќе познатите финалисти, пред присутната публика пееја песни од најголемите рок и поп музички имиња на светско ниво, како и од најпознатите ѕвезди од Балканот, па така можеа да се слушнат песни од Адел, нашиот Тоше Проески, Ријана, U2, Жељко Јоксимовиќ… и многу други. Една од главните фаворити и дел од финалистите Тамара Милановиќ, за медиумите изјави:
“Супер се чувствувам овде. Сакам ваков тип на забави во интимна атмосфера, со добро вино и вкусна храна. Не поддржувам консумирање алкохол во големи количини, но понекогаш сакам да се напијам чаша квалитетно бело вино”, изјави таа во врска со одлично организираната вечер.
Подготви: Андреја Андреевиќ
