Специјализираниот македонски музички портал Музика24 дознава дека нашиот најпознат рапер, Слаткар во петок 21-ви март ќе има свој концерт во Софија во ноќниот клуб Sofia Live Club. Како што дознаваме, ова е прв солистички концерт на Слаткар во Софија, а како пред група на истиот на сцената ќе се појави хип-хоп групата “The Top Stoppers” од Бугарија. Инаку, овој ноќен клуб е еден од еминентните во бугарската престолнина, и досега во него настапиле видни и познати музички имиња како од балканот, така и од светот. Освен Слаткар, оваа година кон крајот на фебруари свој настап имале и членовите од нашата македонска група “Фолтин”, кои воедно го промовирале нивниот најнов албум “Антитело”.
Сите Вие кои сте верни фанови на Слаткар, веќе се наоѓате, живеете или работите во Софија, топло Ви го препорачуваме овој музички настан, концерт на Слаткар, петок 21-ви март со почеток во 23 часот, билетите чинат 15-20 лева или околу 500-600 денари.
Подготви: Магдалена Атанасовска
