Како што беше најавено, така и се случи. Вчера во градскиот парк во Скопје нашиот единствен македонски претставник во регионалното “X Factor” шоу се сретна со своите фанови и обожаватели. Претходно, како што Музика24 пишуваше, тој ја најави оваа средба на својот facebook профил, а таму пак, го чекаше толпа од мали девојчиња кои по било која цена сакаа да се сликаат со него или пак едноставно да го гушнат и да им подели автограми. Не веруваме дека сите успеаа во она за што беа дојдени, бидејќи сепак времето беше кратко, а фановите беа премногу.
Искрено, ни се допаѓа акцијата познатите да се среќаваат со своите фанови и од се срце ја подржуваме, да делат автограми, маички… да се сликаат со нив, но се прашуваме, до кога на овој тип на ѕвезди публиката, односно фановите и обожавателите ќе биде со возраст од 10-17 години.
Подготви: Влад Петров
