Познатиот и контраверзен Фифи, кој беше дел од “X Factor Adria”, не престанува со својата музичка кариера, напротив, тој штотуку ја започнува на српската музичка сцена. По речиси две години, откако ја претстави пред македонската публика песната “Намерно”, тој пред неколку дена во утринската емисија на тв Пинк и официјално ја претстави српската верзија на оваа песна, со која си отвара нова врата во својот живот.
Иако сметаме дека нашата, македонска верзија е далеку од одлична, сепак, во продолжение преслушајте ја новата песна и видете го видеото од српската верзија на “Намерно”.
Подготви: Ангела Трајковска
