Викендов на Велешкото езеро, Ламбе Алабаковски снимаше видео спот за песната “Ќе те чекам јас” со која што тој победи на овогодинешното издание на скопскиот фестивал. Спотот комплетно го реализираше “Фабрика” продукција, а друштво му правеше познатата ракометарка на ЖРК Вардар – Ива Стојковска. Следниве денови, по комплетно монтирање и финиширање на видео спотот, се очекува телевизиска промоција.
Подготви: Анета Трајковска
