Верните фанови и обожаватели на старата и добра “Црвена јабука”, преку социјалните мрежи facebook i twitter на големо се организираат да соберат финансиски донации кои ќе ги искористат за организирање на концерт на овој на далеку прочуен бенд во Сараево. Сето ова е со една и единствена цел, проштален концерт со кој ќе го испратат во пензија фронтменот и пејач на овој бенд Дражен Жериќ Жера. Концертот е најавен за првиот викенд од октомври. Но, иако има време дотогаш, сепак фановите овој концерт го организираат само за сите оние привилегирани, односно за сите кои ќе донираат и учествуваат во оваа акција со 20 евра. За сево ова Жера вели:
“Ако успеете во оваа ваша замисла, ние ќе свириме без хонорар, четири до пет часа, репертоарот вие ќе го одберете и ќе биде само за вас кои ова го правите, без влегување на надворешни луѓе”, изјавил тој и воедно им ветил на организаторите на оваа акција.
Подготви: Христина Секуловска
