Балканленд

Кајмаковски ги откри правилата за гласање на финалето од “X Factor Adria”

Во недела во 20:30 започнува големото и долго очекувано финале од серијалот “X Factor Adria”, а многумина се прашуваат кои ќе бидат официјалните правила и на кој начин ќе се избере и прогласи победникот на ова регионално шоу. Нашиот единствен македонски претставник во ова шоу и воедно фаворитот за победа, Даниел Кајмаковски пред само неколку дена, на својот facebook профил ги објави официјалните правила за гласање.

Петмината финалисти ќе отпеат по една песна, по која секако, ќе има пауза за гласање. Двајца од петмината кои ќе бидат со најмалку гласови одпаѓаат од понатамошното натправарување. Останатите тројца финалисти ќе испеат уште по една песна, по што повторно ќе следи гласањето, овој пат шоуто ќе го напушти само еден натправарувач. На крајот, останатите двајца кои ќе се натпреваруваат за победничкото место, ќе отпеат уште една – последна песна, по што според гласовите на публиката ќе биде прогласен победникот на првото рагионално музичко шоу “X Factor”. Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ќе има своја екипа на финалето од ова шоу и преку текст и слика ќе Ви доловува се она што ќе се случува во тој момент во “Комбанк арената”.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: