По одличната интерпретација на уште поодличната “Врне, врне” која што ја исполни на Скопски, Сара Мејс молчаливо сними нова песна. Таа истовремено додека е ангажирана и редовно вежба со Мишо Спасовски во “Танцот со ѕвездите”, одвои малку време и заедно со композиторот и продуцент Роберт Билбилов ја подготвија новата нејзина песна. Спотот сеуште не е снимен, но се очекува истиот да се реализира по финалето на “Танцот со ѕвездите”, кога Сара и малку повеќе ќе се посвети на музичката кариера и секако на реализација на нејзините музички планови.
Подготви: Ангела Трајковска
