Во прв ред

“SMUT” со концерт прославуваат 18 години постоење

Македонскиот хардкор бенд “SMUT” прославува 18 години од своето постоење со концерт кој ќе се одржи во петок 21-ви март во клубот “Хавана” во Скопје. На овој роденденски концерт, бендот заедно со својата публика и музички пријатели ќе го одбележи своето досегашно постоење и ќе го најави она што во иднина не очекува од легендарниот состав на домашната хардкор сцена.

“По повод 18 години од формирањето на овој бенд на 21-ви март во клубот Хавана решивме да направиме концерт, да го преснимиме нашиот прв албум, да снимиме видео запис на самото снимање на албумот, да викнеме добри бендови кои се наши пријатели и ни се допаѓа нивната музика”, изјавија членовите на бендот во врска со закажаниот концерт.

“Како да беше вчера кога овој бенд почна да функционира и не постои начин да ви ја искажеме благодарноста. Не постојат зборови со кои би можеле да го опишеме тоа што го чувствуваме за вашата поддршка сите овие години. ДА – ќе изведеме песни што не сме ги свиреле со години и ДА – ќе има гости кои не се најавени, а ќе ве изненадат! Сите кои присуствувале на нашите концерти знаат што ќе се случува, а тие што не знаат ќе дознаат”, додаваат тие. Како специјални гости на концертот ќe бидат “Мелек” од Бугарија и два скопски бенда кои изминатата година извадија одлични деби албуми “Шок Труперс” и “Гирс”. Концертот на “SMUT” е во организација на “Diehard Booking”. Почетокот е закажан за 20 часот, а влезниците ќе чинат 200 денари.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: