Во прв ред

“Доктори” и Лукијан Ивановиќ го напуштија “X Factor”

По доделувањето на наградата од фестивалот Егзит на Тамара и рекламите, следуваше делот каде што мораше да бидат исфрлени двајца финалисти. Без многу драма и одолговлекување, по првиот дел на песни од супер финалето, според гласовите на публиката, понатаму не одат Лукијан Ивановиќ и групата “Доктори”. Во “X Factor” продолжуваат, Тамара Миловановиќ, и двајцата натпреварувачи на Жељко Јоксимовиќ, Даниел Кајмакоски и Маид Хачимовиќ, кој по се изгледа без потребно се расплаче на сцената откако ја испеа неговата песна.

Шоуто продолжува понатаму. Наша прогноза е дека во следниот круг Маид Хачимовиќ ќе биде тој што ќе биде исфрлен, а во она финале и борба за победник, би се натпреварувале Тамара и Даниел, но да не бидеме погрешно сфатени, сепак тоа е прогноза на нашата екипа.

За Музика24 од Белград: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: