Во прв ред

Маид го напушти “X Factor”, продолжуваат во двобој Даниел и Тамара

Како што претпоставувавме така и се случи, Маид Хечимовиќ го напушти шоуто, а во двобојот продолжуваат нашиот Даниел и Тамара. Тие ќе отпеат по две песни, а веднаш потоа следува финалето кога ќе се одлучи и ќе се знае победникот на првата сезона на ова навистина долго, интересно и на моменти возбудливо регионално тв шоу “X Factor Adria”. А Маид за неговото напуштање на шоуто изјави:

“Јас сум толку многу среќен, немав воопшто трема, ми беше убаво, испаднав па се вратив во шоуто и сега сум трето место. Ова не е никаков пораз – трето место. Сакам да се заблагодарам на Кристина за сите совети, Кики ти благодарам за сите убави зборови, Емина, тебе ти благодарам за секоја солза што ја пушти за мене, а на Жељко му благодарам што спомена дека доколку не се вратев во шоуто, тогаш тој ќе го напуштел истото. Благодарам на целиот Балкан, на моето семејство, а третото место го посветувам на мојата мајка. Верувајте во своите соништа, само ако верувате длабоко тоа ќе ви се оствари”, изјави Маид по повод неговот напуштање на “X Factor”.

Тој како трето место добива компет производи од компанија Самсунг. Шоуто и понатаму продолжува, бидејте со нас, најинтересно следи.

За Музика24 од Белград: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: