Српската поп пејачка Марија Шерифовиќ, по пет години пауза, вчера вечер на “X Factor Adria” се појави да го промовира својот нов сингл “Ја волим свој грех”, сингл кој го најавува и нејзиниот нов албум. Меѓутоа, премиерата на новиот нејзин сингл и не помина баш најдобро во “Комбанк Арената” пред 10.000 илјадната публика и милионите гледачи кои го следеа директниот пренос на тв, поради технички причини.
По нејзиниот настап, Марија на својот профил на Twitter го искажа своето мислење и критика упатена на сметка на МБК продукција, која и го организираше регионалното “X Factor” шоу.
“Луѓе… Се надевам дека песната Ви се допадна и дека емоцијата беше поголема од техничките проблеми. Ве сакам сите!”, напиша Марија на Twitter, која во текот на вечерта инсистирала од нејзиниот настап да бидат комплетно извадени сите технички проблеми, бидејќи самата снимка е технички неисправна. Таа најави дека во текот на денешниот ден нејзината публика ќе има можност да ја чуе оргиналната верзија, без грешки.
Подготви: Кристина Секуловска
