Дечките од групата “Лабаво, лабаво” никако не прастануваат да не изненадуваат. Тие по промоцијата на својот прв сингл “Во твојата улица”, сега го промовираат својот најнов ковер за “Diamonds” од светски познатата Ријана. За реализација на ова видео беше задолжена истата екипа која го реализираше коверот и за “Niggas in Paris”, но овој пат со мали измени во екипата: Борјан Сандревски – камера, Бојан Филиповски – монтажа, постпродукција, Тихомир Кашмицовски – светло. А пак за аудиото беа задолжени Nipple records (recording, mix, mastering).
Ексклузивно и промотивно на музичкиот портал Музика24 во продолжение погледнете го новото видео и преслушајте ја новата ковер верзија на “Diamonds” во изведба на “Лабаво, лабаво”.
Подготви: Елена Крагуевска
