Балканленд

24 Промо: ЛД Пистолеро – “Еден ден” (Видео)

Нашите пријатели од hiphop.mk пишуваат за новата песна и спот на ЛД Пистолеро кој вчера вечер во “Баду Бар” ги промовираше пред својата публика, новинари, колеги и пријатели. Песната носи наслов “Еден ден”, а спотот кој е на моменти сентиментално-емотивен и за кој можеме слободно да кажеме секоја чест, го реализираа Таззак Акабатов и Ошав продукција.

Од hiphop.mk велат дека преку нумерата на површина излегуваат доста сентиментални стихови, па на моменти може да се почувствува како зборовите да ги кажува самата душа на артистот. Во продолжение погледнете го спотот и уживајте и во видеото, музиката, а богами и во текстот.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: