Многумина се прашуваат каде да го поминат најубавиот романтичен празник за денот на жената, но едно е решението. Spaladium Arena во Хрватска каде ќе настапи со свој солистички концерт Жељко Јоксимовиќ, но и ќе ја спои романтиката со љубовта заедно со неговите феноменални песни. Ова нема да е прв настап на познатиот балкански поп пејач тој 2012-та и 2013-та година имаше успешни концерти, па затоа не е ништо ново што повторно е поканет од страна на организаторите во Хрватска.
Претежно негова прва песна на која навикнавме да започне на секој концерт е познатата романтична песна “Љубави”, но како што велат од тимот на Жељко Јоксимовиќ сега за сега држат во тајност со кој сингл ќе ги изненади сите присутни на концертот, но едно знаеме овој настан ќе биде сам по себе посебен. Да потсетиме тој за Св. Валентајн имаше успешен настап за прв пат во Турција каде публиката буквално два ипол часа беше на нозе, а гостинка на самата вечер беше неговата колешка и член на жирито на “X Factor” Емина Јаховиќ.
Подготви: Редакција Музика24
