Балканленд

Аца Лукас снимил дует со Северина вели: Песната е одлична

Неодамна познатиот српски фолк пејач Аца Лукас гостуваше на хрватското радио Extra FM каде меѓудругото го најави и својот голем концерт во загребската арена. Концертот ќе се одржи на 13-ти мај, а во емисијата тој откри дека заедно со познатата хрватска пејачка Северина имаат снимено дует. Тој се уште не знае кога оваа песна ќе биде промовирана, но за истата вели дека е одлична, прекрасна.

„Снимивме навистина убава песна, не знам кога ќе излезе, но супер е. Снимена е, иако се уште нема име, би било навистина глупаво ако сега тропнам било какво име… Тоа е одлична песна, навистина е хит, навистина е добра“, изјави Лукас.

Тој за неговиот прв концерт во Арената во Загреб вели дека е прв вистински организиран концерт за него и дека за прв пат ја чувствува онаа преконцертна еуфорија.

„Сите што ќе дојдат нема да зажалат што дошле, а сите што нема да дојдат на концерт, а имаат некој што бил, кога ќе им раскажат како било – навистина ќе зажалат“, рече тој.

Лукас откри и дека има една неостварена желба која што досега ја нема јавно кажано, а тоа е да настапи во Пула, каде градоначалникот на овој град досега ги има забрането концертите на Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба… Тој за сето тоа вели:

„Јас би можел да настапа во Пула, но тоа да биде достоен настап за едно такво место. Не со ова лудило кое го правиме. Јас музиката ја интерпретирам на повеќе начини и можам многу работи да донесам на такво место, за да не бидам препотентен“, рече Аца Лукас.

Можеби ќе ве интересира: