Балканленд

Аки испратен на вечен починок: Ковчегот покриен со македонското знаме (Фото+Видео)

Легендарниот фронтмен на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, попладнево беше испратен на вечен починок во Алејата на великаните на гробиштата Мирогој во Загреб. Претходно посмртните останки на Рахимовски беа изложени во капелата, каде ковчегот беше покриен со македонското знаме. Иако беше роден во Србија, со децении живееше во Хрватска, последните години ги помина во Словенија сепак земјата во која израсна остана во срцето на Аки.

Пред ковчегот беше поставена трогателна посвета на музичарот, „Тужна је наша улица откад ниси ту…Јер тужну песму певају они што остају.“ Се работи за стиховите од песната „Моја је песма лагана“.

Во името на бендот се обрати ко-основачот Хус кој говореше низ солзи.

“Не знам дали има нешто поболно, кога се разделуваш со човек така наеднаш, не стигнуваш да спремиш. Постојано размислувам дали можеше да биде поинаку, но знам дека не можеше. Аки танцуваше и вдишуваше живот толку интензивно, таквата енергија, харизма и личност требаше да одат со жесток тресок. Поинаку едноставно не можеше да биде. Аки беше во најдобра смисла на зборот, кловн. Тој беше се што требаше да биде, несебично се даваше за сите оние среќни лица кои беа пред него и пред нас. Кога пееше тажно, салите плачеа, кога весело пееше, сите игравме. Тој беше нашата локомотива. возот не Застануваше по концертот или турнејата. Сега душата е празна како станица, бидејќи нема патници. Возовите стојат, а радо би тргнале. Патувавме брзо и без Престан. се надевам дека најде мир, ако мирот е она што го бараше”, рече хус.

Следуваше ќерката на Аки кој исто така одржа емотивен говор кој расплака многу луѓе.

“Еднаш рече дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем, голем човек.

Ти благодарам тато што ме научи дека човекот е мал само под ѕвездите. Ајде бегај, така ми кажа, бегај ќерко. Бегај тато, бидејќи им е досадно без тебе. И само така ти знај, само ти, тато, и никој како тебе.

Те сакам тато”, рече Дина со скршено срце.

Потоа започна песната „I Did It My Way“ а фотографијата на Аки ја носеа неговите внуци.

Фото: HINA/ Lana SLIVAR DOMINIÆ

Претходно во капелата последна почит му оддадоа многу пријатели и колеги помеѓу кои: Џибони, Дино Јелусиќ од „Whitesnake“, Хусеин Хасанефендиќ – Хус, Нино Белан и многу други. Од македонските јавни личности единствено беше забележан политичарот Љубе Бошковски, кој беше видно потресен од смртта на пејачот.

Можеби ќе ве интересира: