Балканленд

Аки Ракимовски ги изненади гледачите на ХРТ со македонски народни песни (Видео)

Од сабота 25-ти март на првата програма на Хрватската радио телевизија започна да се емитува новата забавно-музичка емисија “А страна”. Но она што е интересно за нас како Специјализирана македонски музички портал е тоа што во првото издание на оваа емисија меѓудругите гости, познати хрватски музички имиња, свое учество имаше и фронтменот на “Парни ваљак” Аки Ракимовски. Освен разно-разните музички нумери, светски и хрватски хитови, позитивно изнанадени бевме што овој наш македонски пејач кој со години живее и работи во Хрватска во неколку минути потсети од каде доаѓа и кој е всушност тој.

Гледачите на ХТВ1, а и сите оние кој одложно, репризно или по пат на социјалните мрежи ја погледнаа оваа тв емисија, имаа ретка привилегија и огромна чест да уживаат во одличната и емотивна изведна на Аки на неколку познати македонски народни пезни во пијано верзија. Македонските народни песни: “Зошто си ме мајко родила”, “Битола мој роден крај” и “Како што е таа чаша” одамна не биле така добро отпеани. Жално е што реалноста е таа и што ниту една македонска национална тв станица не превзема иницијатива и не започне со реализирање на вакви или слични музички проекти посветени пред се на македонската музика и музичка сцена, нешто што не е недостижно и што со малку креативност, финансии и голама желба и љубов кон она што сакаме да го постигнеме, може да се реализира.

Во продолжение, погледнете го видеото и нашиот Аки Ракимовски со изведба на неколку познати македонски народни песни.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: