Балканленд

Погледнете: Дали сакате Александра Радовиќ да биде Ваш ментор?

Српска пејачка Александра Радовиќ која пред неколку години имаше совршен интимен концерт во Универзалната сала во Скопје, повторно изненадува, овој пат со нешто навистина оргинално, интересно и предизвикувачки за сите млади музичари на Балканот. Таа заедно со својот тим од официјалната фан страна организира натпревар каде што сите Вие кои што сакате да ја отпеете нејзината песна “Чувај моје срце” едноставно треба да ја пронајдете музичката подлога за оваа песна (инструментал) и едноставно да снимите сопствено видео каде што Вие ќе ја отпеете оваа песна најдобро што знаете и умеете.

Снименото видео треба да го испратите на официјалната фан страна на Александра Радовиќ и да чекате токму таа да Ви се јави или да Ви испрати порака во инбокс. А што е наградата? Ќе има многу изненадувања, вели рекламата која е објавена на You Tube, а главната награда е часови токму кај неа – Александра Радовиќ. Доколку сево ова Ви е предизвик и сакате токму таа да Ве посоветува, додели часови и биде Вашиот музички ментор, фаќајте ги Вашите мобилни телефони, мали или големи камери и забавата нека започне. Натпреварот трае до 22-ри јануари, мислиме дека и немате баш многу време. Музика24 ќе биде дел од овој музички натпревар како медиумски покровител.

Во продолжение преслушејте ја песната за која што треба да снимите Ваше видео.

Подготви: Катерина Димиќ

Можеби ќе ве интересира: