Познатата српска поп пејачка Ана Николиќ неодамна на една хуманитарна забава каде што се собирала помош за настраданите од поплавите во Србија, привлекла најголемо внимание, бидејќи на себе носела проѕирна маица под која немала градник. А таа, ладнокрвно се смешкала и позирала на фоторепортерите, и воопшто не и пречело што речиси сите гледале во неа и она што таа го носи. Заедно со дел од колешките од музичката естрада, се забавувала до раните утрински часови, пишуваат српските медиуми.
Подготви: Ангела Трајковска

