Естрадниот магазин “Екстра Ексклузив” во своето петочно издание започна со емитување на нова рубрика во која децата на познатите личности од нашата земја ќе говорат за нивното детство, за талентот кој го имаат наследено, интересни случки, за влианието на нивните родителеи за она кое се денес.
Во првото издание на оваа рубрика, гостин беше Анастасија Петревска која проговори за нејзиното детство, за тоа каков родител бил Наум, кој совети и ги дал пред да почне професионално да се занимава со музика.
Погледнете го видеото и откријте сами некој од работите кој Анастасија ги откри за Екстра Ексклузив.
Подготви: Редакција Музика24
