Балканленд

Легендарната балканска пејачка Тереза Кесовија има нов спот, промоција во Париз

Тереза, деновиве сними атрактивен видео спот за францускиот естраден пазар за песната „Килиманџаро без снег“(“(Kilimandiaro sans neige”). Промоцијата на спотот, пред се за медиумите ќе се случи оваа пролет и во Париз и во нејзиниот роден Дубровник, штом пандемијата попушти, а најавена е и промоција во француската амбасада во Загреб. Тереза како Тереза секогаш расположена за нас новинарите.

Таа не би била таа, затоа толку години успешно опстојува на естрадата. Секако дека станува збор за Тереза Кесовија, легендарната пејачка, првата дама на забавната музика во поранешна Југославија, која и покрај светската пандемија неуморно работи, снима, пее, гостува на ТВ, дава интервјуа, но како и другите поради вирусот единствено нема солистички концерти.

Вели, дека ќе се вакцинира бидејќи не може да патува по светот поради работа, не може ниту дома да седи затворена не знаејќи што би правела со слободното време. Неуморната пејачка со непресушна енергија, тоа и го спроведува во дело. Тереза, деновиве сними атрактивен видео спот за францускиот естраден пазар за песната „Килиманџаро без снег““(Kilimandiaro sans neige”).

Промоцијата на спотот, пред се за медиумите ќе се случи оваа пролет и во Париз и во нејзиниот роден Дубровник, во уште неколку градови, штом пандемијата попушти, а Тереза како Тереза секогаш расположена и кога раскажува за содржината на спотот:

“Тоа е една исклучително љубовна приказна која уверливо со мене низ видеото ја донесоа актерите Франо Машковиќ и Јудита Франковиќ. Има и 20-ина статисти со што на некој начин направивме еден мини-филм. Зборовите за прекрасната балада ги напиша мојот француски пријател и колега Серж Лама, а спотот е во режија на Катја Рестовиќ. Останува само да уживаме во моето ново видеоиздание и во мојата нова француска песна за која голем интерес има и низ целиот простор на поранешна Југославија, особено се заинтересирани продуцентите во Скопје, Нови Сад, Белград, Сараево и Љубљана”, гордо раскажа славната пејачка.

Извор: ВечерПрес/Дуле Миќиќ

Можеби ќе ве интересира: