Британската телевизија Би-Би-Си ќе снима документарна репортажа за српските позитивни феномени, ноќниот живот во Белград и за историскиот феномен – Лепа Брена.
“Ќе се базираме на феноменолошките поими на Балканот, но исклучиво на убавите феномени, со оглед на тоа дека имало многу неубави случки, воглавно војни. Српската престонина низ светот е славна по ноќниот живот, и тоа е еден од феномените. Другиот е секако Лепа Брена, која ќе остави печат во историјата и која ја одбележи музичката сцена не само во Србија, туку и во голем дел од Европа. Се’ на се’, ќе се обидеме на светот да му покажеме поубава слика за Србија и поднебјето”, вели продуцентот Брајан Ли.
Ваквиот пристап на Британците од една од највлијателните телевизии на светот на Брена многу и се допаднал и е многу расположена за разговор со нив.
“Баш ми е драго што имаме прилика со нашата музика и енергија да му се претставиме на светот. Драго ми е што ќе допринесам во тоа, и многу се радувам на разговорот со британските новинари, бидејќи конечно треба светот на нас да гледа како на добар, мирољубив и гостопримлив народ, а не како некоја дупка во која се војува”, изјавила Брена.
Подготви: Редакција Музика24
