Балканленд

Билетите за концертот на Северина во Белград – прескапи

Северина по неколку месеци од откажувањето на концертот на Копаоник, ќе пее во Србија. Хрватската пејачка на почетокот на мај ќе настапи во еден белградски хотел. Оние кои сакаат да одат да ја слушаат и гледаат ќе мора да издвојат голема сума.

Како што пишуваат српските медиуми, цените се движат од 250 до 300 евра од билет. Со влезниот билет гостите добиваат пијалок за добредојде и мезе, а се останато ќе треба сами да си платат.

Да потсетиме, Северина во март требаше да настапи со Саша Матиќ и Милица Павловиќ на фестивал на Копаоник, но пристигнувањето го откажа кога слушна дека интересот на публиката е слаб, а јавноста имаше негативна реакција на нејзиниот најавен концерт.

Можеби ќе ве интересира: