Филип Рељиќ постави бизарен оглас на интернет кој шокираше многумина, а зад сето тоа сепак се крие хумана цел. Имено, тој изјавил дека продава жилет што го користела членката на групата „Hurricane“, Сања Вучиќ.
– Овој жилет ги избричи влакната од грбот на Сања пред нејзината тетоважа. Купувачот на овој жилет ќе има шанса по купувањето да оди на пијачка со Сања и лично да се сретне со неа. Парите од оваа аукција одат во хуманитарни цели – пишува во огласот.

Цената на жилетот, според веб-страницата, е 40.000 динари. Сања, инаку е позната како некој што сака тетоважи, па не се двоуми да ги покаже.
