Познатиот џез фестивал „Нишвил“ објави дека музејот „Delta Blues“ во Кларксдејл, Мисисипи, ќе отвори поставка во чест на познатиот српски и ромски музичар – Шабан Бајрамовиќ. Овој музеј е познат како чувар на легатите за најпознатите блуз музичари од САД, особено на оние кои потекнуваа од делтата на Мисисипи.
Со ова Шабан станува првиот Ром и Србин кој добил свој легат во познатиот музеј. За слична изложба покажале интерес и од музеј во Њу Орлеанс.
Шабан повеќе од 20 години го водеше бендот „Блек Мамба“. Тој на лична покана од Нехру и Индира Ганди, настапи во Индија, каде што беше официјално прогласен за крал на светската ромска музика, а неговата изведба на песната „Џелем, џелем“ беше избрана за химна на Ромите.
