Фронтменот на рок групата „Рибља чорба“, Бора Џорџевиќ, се врати на професионалните обврски по паузата поради пандемијата. Како што објавивме вчера, бендот ќе одржи концерт во Скопје на 27-ми јуни а ден претходно и во Крагуевац, Србија. Ова ќе бидат првите големи концерти по смртта на нивниот басист Миша Алексиќ.
– „Сигурни сме дека самиот Миша би сакал да продолжиме и нè охрабруваме од горе. Дека ни е страшно тешко без него, тешко ни е. Во иднина, на бас ќе биде Иван Станковиќ – Ивке кој е постојан член на тимот на бендот, како сценски техничар.“ – изјави Бора.
Ивке инаку е басист на белградската група „Орвел 69“. Тој веќе ја го заменувал Миша на концерт во Крушевац, кога тој имал операција на окото
