Борис Новковиќ и младата Ирис Волф во врска се од пролета, а разликата во годините воопшто не им смета. Крајот на мај оваа година откриено е како Борис Новковиќ повторно се вљубил. Неговата 25 години помлада девојка Ирис Волф која работи како модел, а 2015 година еден неделник ја прогласил за најсекси Хрватка. Ирис била и втора придружничка за избор на мис на Загреб.
Атрактивната блондинка од Борис е помлада 25 години, но се чини дека тоа не им ја расипува среќата, и како што дознаваат медиумите, парот очекува прво дете. Среќните вести ги потврдил и самиот Борис.
“Вистина е, Ирис и јас ќе станеме родители. Тој најубав и најплеменит дар на љубовта, двајцата сакавме и благодарни сме што ни се оствари”, вели тој, а на сето тоа неговата преубава половина додава:
“Беше тоа љубов на прв поглед, на последен, и за секогаш поглед”, напишала Ирис во една прилика на Фејсбук на фотографија на која позираат прегрнати. Борис позади себе има три брака. Исто така, горд татко е на два сина, Ное и Боно.
