На 25-ти февруари, Глорија сподели дека нејзината ќерка Симона Загорова на свет го донесе нејзиното прво внуче – малата Галина. Радосната вест ја соопшти прва самата изведувачка на нејзиниот официјален профил на Instagram, споделувајќи слика од нејзината ќерка гушната со малата внука.
„Благодарам за овој благословен ден и воедно најубавиот момент во мојот живот. Срцето ми е полно! Веќе знам што е смислата на животот и како точно изгледа најголемата љубов. Таа тежи 3,100 кг, големината и е 50 см и се вика Галина. Добре дојде мила! Благодарам на д-р Мишел Шоајб и на целиот тим за професионализмот и односот!“, напиша пак младата мајка.

Тимот на нашиот портал и го честита раѓањето на првородената ќерка на Симона, со желби за среќно и безгрижно детство.
Автор на текстот: адв.м-р Наташа Секуловска/Estrada World
