Иако од нивната кавга изминале повеќе од 20 години, српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ дури неодамна проговорила за хитот “Београд”, кој одамна го снимила, пишува српски “Телеграф”. Имено, босанскиот кантавтор Дино Мерлин ја напишал песната “Београд” и уште две покрај неа, и истите ги испеала Цеца и ги вклучила на своите албуми. Проблемот настанал кога на обвивката на албумот не бил потпишан Дино како автор на песните, туку други автори, после што двете ѕвезди го прекинале секој контакт. По повеќе од две децении, Цеца Ражнатовиќ признала.
“Београд” е песна на Дино Мерлин. “Исусе” ја напиша Оливер Мандиќ. Тоа сите го знаат, тоа е јавно познато”, изјавила фолк пејачката.
Подготви: Редакција Музика24
