Непосредно пред заминувањето за Линц каде Цеца ја продолжува својата турнеја “Љубовта живее”, пред камерите на Прва телевизија, прокоментира како ги доживеала шпекулациите за нејзината врска со раперот Иван Ивановиќ – Џус.
“Тоа е глупост. Приказната е пласирана на многу лош начин, каде јас и Џус одкога слушнавме се смеевме. Тој ми е само пријател”, изјавила Цеца со насмевка. Да потсетиме екипата на емисијата “Папарацо лов” на Пинк тв го улови Џус како влегува во вилата на Цеца на Дедиње. Причината за шпекулациите дека Цеца и Џус се во емотивна врска е тоа што Џус во вилата влегол со шампањ и букет рози.
Подготви: Редакција Музика24
