Девојките од „Hurricane“ направија вистински бум во регионот, но и цела Европа со својот настап на овогодинешната Евровизија. Како што се очекуваше, цената на настап на атрактивното трио се зголеми по спектакуларниот настап за кој многу се зборуваше и пишуваше.
Имено, цената на нивните настапи досега беше помеѓу 4.000 и 5.000 евра, но од сега менаџментот на девојките не прифаќа настапи за хонорар помал од 8.000 евра. Секако, цената зависи од тоа каде ќе настапуваат, почнувајќи од земјата, просториите, договорот со сопственикот дали е фиксен хонорар или билети. Очекувано нивните настапи во земјите каде има бројна српска дијаспора како Австрија и Швајцарија, ќе им донесат хонорари од околу 10.000 евра.
