Балканленд

„Црвена јабука“ имаат нова песна: Чујте ја „Радио Љубав“

Уште еден хит на „Црвена јабука“ доаѓа од актуелниот албум „Тврѓава“. „Радио Љубав“ е осмото официјално видео од еден од најпродаваните домашни албуми објавен на крајот на 2020 година. Музиката е напишана од постојаниот соработник на Жера, Мирко Шенковски – Геронимо, кој ги напиша стиховите со неговата сопруга Драгана Кајтазовиќ – Шенковски, а аранжманот на песната со Жера.

Crvena Jabuka - Radio ljubav (Official music video)

Љубовта и искреноста на Жера често се наведуваат како главна причина за нивната триесет и петгодишна успешна кариера, а медиумите известуваат за тоа колку публиката ги посакува нивните концерти уште од летото кога почнаа да се намалуваат епидемиолошките мерки. Пред неколку дена во родното Сараево, во Домот на млади одржаа уште еден концерт за паметење, на Денот на градот Сараево, 6-ти април. Публиката со овации ја поздрави „Црвена јабука“, а Жера на градот му го честиташе роденденот со песната „Sa tvojih usana“. На бендот на крајот на минатата година им се оддолжи Сараево со изложба на авторката Амина Абдичевиќ, која беше реализирана со помош на Сараевскиот музеј. Изложбата посветена на бендот беше најдобриот подарок на градот што Жера го опеа во бројни песни.

Можеби ќе ве интересира: