Балканленд

Дали вечерва конечно ќе се “раздени” за Македонија

Дали вечерва ќе се “раздени” за Македонија ќе дознаеме за неполни неколку часа. Ако ниту една земја од поранешна Југославија не влезе во финалето, ние како единствена од тој кош, се недеваме и веруваме дека тоа нам ќе ни се случи.

Вечерва во Малме се одржува втората полуфинална вечер на 58-то  издание на “Избор на песна на Евровизија” каде од 17 композиции кои вечерва ќе се изведат, само 10-на одат во финалето. Македонија, односно нашите Есма и Влатко вечерва настапуваат трети, а освен нашите претставници, вечерва ќе се натпреваруваат и претставниците од Летонија, Сан Марино, Азербејџан, Финска, Малта, Бугарија, Исланд, Грција, Израел, Ерменија, Унгарија, Норвешка, Албанија, Грузија, Швајцарија и Романија.

Со помош на гласовите од публиката и жирито, вечерва ќе се одлучи кои земји одат во финалната вечер. Но, ако до минатата година се гласаше само за одредени песни се доделуваа поени, оваа година начинот на гласање е комплетно променет и оваа година ќе се оценуваат сите натпреварувачки песни. Финалната вечер на овогодинешното 58-мо издание на Евросонг ќе се оддржи на 18-ти мај кога од 26 композиции ќе се одбере најдобрата и ќе биде избран победникот на најголемото европско музичко натпреварување.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: