Балканленд

Дара Бубамара ќе снима свое реално шоу од јули до септември

Дара Бубамара се согласила да се снима два месеци во текот на летото, а реалното шоу наводно ќе почне да се прикажува наесен.

Дара доби одличен хонорар, дури 250.000 евра! За таа цифра се согласила камерите да ја снимаат каде и да се движи. Веќе се договориле да ја снимаат во теретана додека тренира, во бањата, на фризер, во музичко студио, додека го носи синот Коста на училиште, на ручек со бившиот сопруг Милан, на кафе со пријатели и колеги, навечер на настапи. – открива извор близок до дара.

Реалното шоу наводно ќе започне со снимање од 1 јули а ќе трае до 1 септември

Дара се согласи да се снима пет дена во неделата два месеци. Таа е непредвидлива и реалното шоу сигурно ќе биде интересно. Не би бил изненаден ако направи скандал пред камера или спомне колега или поранешно момче. некои телевизии веќе се заинтересирани да го купат реалното шоу. – додава изворот.

Засега планот е реалното шоу да се емитува во работните денови и секоја епизода да трае по еден час, како и Дара во сабота во емисија во живо да ги коментира најинтересните детали од реалното шоу со гости.

Можеби ќе ве интересира: