Синот на Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ – Лача (36) е пронајден мртов во Израел. Сега се огласи и неговиот добар пријател и текстописец, Дарко Димитров.
“Не ми се верува, шокиран сум. Се допишувавме пред 15 – 20 дена. Пораките беа поврзани со работата. Се договоривме за некои проекти и да направиме фестивал. Преписката беше фокусирана само на тоа, но мене ми се чинеше во ред. Ништо не беше претчувство. Сакаше да работиме и јас се согласив. Не ми се верува дека бил под дејство на недозволени супстанци. Знам дека порано имаше проблеми со тоа, но престана. Додека доаѓаше кај мене и живееше во Македонија, навистина ништо не земаше. Само ако неодамна се врати на тоа, но не можеме да претпоставиме. Ова е страшна трагедија за целото семејство. Какви судбини, не можев ни да замислам дека тоа може да се случи. Имаше големи планови, направивме музика која требаше да ја види светлината на денот деновиве”, заклучува Дарко.
Фолк-ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, инаку голема пријателка на Марина Туцаковиќ, упати сочувство до Фута која најпрвин остана без еден син, потоа без сопругата, а сега и без друг.
“Почина млад, талентиран човек, син на моите прекрасни пријатели, мојата никогаш не прежалена Марина! Голема трагедија за едно семејство. Тој беше бунтовен и самиот. Нека му е лесна земјата. Сега мајката со двата сина е во рајот”, изјави Цеца.
Се огласи и пејачката Дара Бубамара, таа проговори откако ја слушна тажната вест и се присети како биле соседи во Париз и како таа била единствената пејачка со која се слушал речиси секој ден. Дара додава каков им бил последниот разговор.
“Врискавме од смеење. Зборувавме за нашата песна. Не можеше да ја извади мелодија од главата. Се дружеше таму во Израел со луѓе од Нови Сад, се смееја. Се радуваше, рече дека таму е многу убаво и дека ужива”, вели Дара видно потресена.
