Балканленд

Дивата Јелена Карлеуша реагираше за содржината на учебниците во Србија (Фото)

Деновиве на интернет се пушта слика од учебник од петто одделение на која можат да се прочитаат стиховите на Светлана Цеца Ражнатовиќ. Јавноста е сеуште поделена и дебатира дали да се користат домашни музички хитови како школски случаи, а своето мислење го изнесе и познатата и популарна српска дива Јелена Карлеуша.

Јелена се огласи на Твитер и во таа прилика откри дека децата треба да учат за модерната музика во Србија, но дека не треба да учат за Цеца, како што вели таа: “Осуден криминалец и синоним за темнина”.

https://twitter.com/karleusastar/status/992383694638931968

Меѓудругото, и оваа позната српска фолк-поп пејачка се најде во дел од прашањата во учебниците за приемен испит за високо образование.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: