Балканленд

Додека се одбројуваат часовите, Прилеп на големо се подготвува за “Пивофест” (Видео)

И конечно, почнуваме да ги одбројуваме часовите до дванаесетото издание на најголемата пиво забава во Македонија, односно, до Фестивалот на скарата и пивото во Прилеп – “Пивофест 2014”. Нашата екипа која веќе се наоѓа во Прилеп не известува дека овој град и сите граѓани во него на големо се подготвуваат за пречек на илјадниците гости кои веќе од утре ќе пристигнат во Прилеп на четридневната незаборавна музичка забава.

Јелена Розга, Тијана Дапчевиќ, Владо Јаневски, Даниел Кајмакоски, Жељко Самарџиќ, Тони Цетински, Емина Јаховиќ, Маид Хечимовиќ, Урош Туркулов, Ефто Пупиновски… се само дел од мноштвото музички имиња кои оваа година се дел од овогодинешната програма кој ќе ја забавува присутната публика. Музика24 како специјализиран македонски музички портал и оваа година ќе биде медиумски покровител на овој голем настан, а меѓудругото преку нашите новинари секојдневно ќе Ве информираме за она што и како се случува на “Пивофест”, а секако ексклузивно ќе имате можност да прочитате интервјуа со дел од музичките имиња кои ќе бидат дел од дванаесетото издание на оваа голема музичка манифестација. Водител оваа година ќе биде познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов.

А како прилепчани преку видео ни го доловуваат подготвувањето за овогодинешното Пивофест издание, погледнете на следниот линк: Подготовки за “Пивофест 2014” кој во соработка со Фан продукција од Прилеп ексклузивно Ви го промовираме.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: