Големото доделување на овогоднешните втори по ред МАС награди веќе започнаа. Сцената е голема, публиката е во голем број, а водителките веќе го стартуваа вечерашното доделување. Пред да започне самото доделување, Миленко Скариќ сопственикот на Скај Мјузик во чија организација и продукција се приредува MAC изјави да го очекуваме неочекуваното и дека се надева дека оваа година, втора по ред ќе биде на многу повисоко ниво за разлика од минатата, кога и започна овој голем музички спектакл.
Веќе и беа доделени првите награди. Награда за најдобар машки музички изведувач на Балканот од неколкуте музички имиња, Саша Ковачевиќ, Џенан Лончаревиќ, Жељко Јоксимовиќ… наградата ја доби Петар Грашо. Награда за женски песна од конкуренција помеѓу Нина Бадриќ, Емина Јаховиќ, Јелена Розга, македонката Антонија Гиговска… наградата ја доби Лена Ковачевиќ. Наградата пак за најдобро видео ја доби Наташа Беквалац за видеоспотот за песната “Доџи мами” во конкуренција помеѓу веќе докажаните Сара Јо, Франка, Сенида…
Следете не…
