Синоќа во Опатија се организираше „Дора 2023“, традиционалниот фестивал на кој се избира хрватскиот претставник за Евровизија.
Пред публиката се претставија дури 18 композиции, а победата ја извојува групата „Лет 3“ со песната „Мама ШЧ!“. Рокерите од Риека го имаа еден од најнеобичните настапи на овогодинешната „Дора“. Нивниот настап ја подигна атмосферата во салата „Марино Цветковиќ“ во Опатија. А момците уште еднаш докажаа дека се единствен феномен на хрватската музичка сцена. Зоран Продановиќ – Прља и Дамир Мартиновиќ – Мрле се појавија на „Дора“, како што велат, затоа што „некој ги наместил“. Членовите на бендот беа облечени во стилизирани воени униформи и нашминкани, а еден од нив дури го имитираше Ленин како држи две ракети во раката, додека на челото му пишуваше „Њинле“. На задникот имаа и големи црвени рози, а на крајот од настапот ги соблекоа униформите и останаа во неглиже.
Групата од Риека претходно најавија дека во Дора ќе дојдат со трактор и тоа се случи. На светлата на земјоделската машина пишуваше „ШЧ“, што е дел од нивната песна. Додека се возеле во приколката, во преден план била нивната силна шминка, особено светло црвениот кармин.
