Балканленд

Драгана Мирковиќ: Не планирав да станам пејачка

Нема кој не ја познава. Неодамна го издаде новиот студиски албум, а кон крајот на декември минатата 2016-та година имаше голем концерт во соседна Бугарија. Таа е Драгана Мирковиќ и е најпознатата балканска пејачка која зад себе има голем број на хитови кои и ден-денес се пејат во разно разни прилики. Неодамна во телевизиската емисија “120минути” на националната бугарска телевизија имаше интервју во кое што откри интересни детали од својот живот. Таа меѓудругото откри дека уште како мала никогаш не размислувала дека ќе стане пејачка.

“Јас имав сосема поинакви соништа како девојче. Едноставно, сонував да завршам факултет, да зборувам англиски јазик, да патувам низ светот тоа беше мојот најголем сон и си размислував ако тоа ми се оствари ќе бидам најсреќната личност на светот. Воопшто не сакав да пејам, иако ме нарекуваа чудо од дете веќе од мојата 5 година, но и покрај се, тоа не беше мојот сон. Меѓутоа мора да признаам дека сум и благодарна на судбината, на некој начин, ме донесе до тоа да се занимавам со музиката. Бидејќи музиката ја сакам најмногу на светот, и тоа е една голема, голема љубов која никогаш нема да престане”, открива Драгана Мирковиќ.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: