Дали е музичко шоу или пополека но сигурно станува реално шоу останува да видиме. Деновиве на Балканот топ тема се случувањата во “Гранд”, и очекувано иницијатор на скандалот е Карлеуша.
Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ повеќе не се пријатели, а јаболко на раздорот меѓу нив е исфрлената кандидатка Вања Кнежевиќ, која беше поддржана од победникот на Евровизија. Обраќањето на Марија вечерва по повод конфликтот меѓу Јелена Карлеуша и Вања Кнежевиќ, резултираше со крај на пријателството меѓу двете пејачки.
Марија и Јелена се пријатели многу години, но Карлеуша не и прости на Шерифовиќ дека нејзината пријателка и даде поголема поддршка на дисквалификуваниот натпреварувач во конфликтот што ја разниша естрадата последните денови, а кој “дивата” го води против 18-годишната Вања Кнежевиќ.
Како резултат на постапките на Марија, Јелена Карлеуша ја одследи Шерифовиќ од Инстаграм. Она што најверојатно ја иритираше Јелена е што Марија јавно рече дека Карлеуша ја притискаше да ја дисквалификува натпреварувачката:
“Додека траеше целата драма, Јелена побара да биде дисквалификуван мојот кандидат и таа ме замоли да го сторам тоа директно. Јас реков дека, прво, ги немам тие овластувања, второ, дека не се сметам себеси за џелат и не можам никого да обезглавам и да ги исфрлам од натпреварувањето, без оглед што минатата година дисквалификував еден од моите кандидати кој направи нешто многу грдо на неговиот колега од мојот тим. Не сакав да направам ништо такво. На крајот, продукцијата ја донесе одлуката што ја донесе”, рече меѓу другото Марија.
Освен оваа изјава, Карлеуша не и прости на нејзината поранешна другарка и на фактот дека Марија изјави дека Јелена претерала:
“Мислам дека на продукцијата не и требаше ова дисквалификација и сега кога ми се чини дека нема начин да се поправи сето ова, можам да кажам дека ми е жал, дека навистина ми е жал затоа што се создаде голем проблем, без никаков голема причина. Кога го велам тоа, мислам дека сето тоа можеше да се реши многу полесно, далеку поубаво, а не да се кажуваат груби и тешки зборови”, спомена меѓудругото Шерифовиќ.
Сигурена сум дека сите членови на овој спор имаат барем еден процент од желбата и размислуваат со главата дека сето ова може да биде поинаку. Јас воопшто не се обидувам да бидам коректна кога некој го исфрли мојот кандидат, од друга страна како да не кажам дека не беше во ред, од трета страна како да не кажам дека Јелена претера? Јас навистина не знам дали некој ќе биде лут”, изјави член на жирито, кој очигледно знаеше дека нејзината пријателка ќе се налути.
Подготви: Редакција Музика24
Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


