Балканленд

Емина Јаховиќ и Алекса Перовиќ преполнија ноќен клуб во Црна Гора

По година и половина познатата балканска поп пејачка Емина Јаховиќ настапи пред публиката во Котор, односно во Црна Гора. Пред публиката во преполнетиот клуб таа ги изведе добро познатите хитови “Да могу”, “Опет си са њом”, “После мене”, “Дал она зна”… Специјален гостин на нејзиниот настап беше момчето со најубава насмевка, со кој што впрочем Специјализираниот македонски музички портал Музика24 неодамна имаше свое интервју.

Алекса и Емина заедно пред црногорската публика ги отпеаа добро познатите хитови “Још ти се надам”, “Мед” и “Београд прича”. Познатата пејачка со оваа постапка само им докажа на сите останати дека можеби таа е единствената менторка која им дава максимлна шанса на своите штитеници, односно финалисти од веќе завршеното регионално тв шоу “X Factor”.

“Драго ми е што можам да дадам своја поддршка. Би сакала да ги запознаат сите делови и сегменти од оваа работа и искрено верувам дека ќе успеат”, изјавила пејачката. А по феноменалниот концерт, таа даде изјава во која што говореше за својот нов албум и парфем кој веќе извесно време го подготвува.

“Албумот е готов. Во последен момент се појави уште една песна која мораше да се најде на албумот и едвај чекам публиката да ги чие новите песни. А воедно, со издавањето на мојот нов албум ќе излезе и мојот парфем наречен “Closer” кој се надевам ќе им се допадне на девојките, бидејќи според мене, парфемот дава одредена пролетна и летна нота”, додава пејачката.

Подготви: Анета Трајковска

Можеби ќе ве интересира: