Српската авио-компанија “Ер Србија” именуваше еден свој авион по познатиот музичар Горан Бреговиќ. Бреговиќ е петти заслужен граѓанин на Србија кој поради неговите заслуги добива вакво признание во склоп на проектот “Живе легенде”. Авионот Ербас А319 со своето нове име “Горан Бреговиќ” беше претставен на специјална свеченост на Аеродромот “Никола Тесла” во Белград.
Во склоп на проектот “Живе легенде” пред Бреговиќ авион бил именуван по тенисерот Новак Ѓоковиќ, кошаркарот Владе Дивац, фудбалерот Дејан Станковиќ и актерот Мики Манојловиќ.
Подготви: Филип Етмишовски
