Балканленд

Галин: Ми забранија да работам додека другите го живеат својот живот

Бугарската музичка ѕвезда Галин, бесен поради ситуацијата во која се наоѓа целиот свет и не можноста да си ја работи работата. Галин е огорчен од затворањето на рестораните и неможноста да се појави на сцената пред публика.

„Ние сме затворени со месеци без можност да си ја работиме работата, додека некои луѓе одат во Занзибар. Се прашувам зошто сите мора да страдаме и да се жртвуваме. Ми забранија да работам додека другите го живеат животот на одмор и да се враќаат со нови сили“, рече тој, цитиран од „Бугарија денес“.

Хит-пејачот не верува дека работите наскоро ќе се подобрат и не ги крие своите грижи за овој факт.

„Затворете сè две недели, запрете ги сите летови од Занзибар, од Англија. Сè да застане 14 дена и да заврши! Како што беше во Кина, каде луѓето немаат никакви проблеми. Можеме да продолжиме вака уште 4-5 години. Повеќе не е реално за мене. Вакцините не се решение, заклучувањата не се решение и тогаш што е решението?“, апелираше пејачот.

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: