Откако почина нејзиниот сопруг, таа нема мир ни дење ни ноќе. Проблемите секојдневно и се зголемуваат на српската фолк пејачка Гога Секулиќ. Најново е тоа што кога српската пејачка решила да појде на гробот на својот сакан, забележала дека некој го прешкртал нејзиното име кое било изгравирано на гробната плоча.
“Некој го ишарал со спреј името на Гога и нејзината посвета. Откако Гога го виде тоа, веднаш го повика обезбедувањето. Се задолжи на сите страни да го испрати достојно својот сопруг, а потоа се појави некој кој се тоа за еден момент го уништи”, вели анонимен извор за српските медиуми. Меѓудругото додава и дека пејачката по овој настан е целосно разочарана.
Подготви: Ангела Трајковска
