Европската радиодифузна унија соопшти дека победникот на Детска Евровизија 2016, Грузија, ќе биде домаќин на овогодинешниот Детски избор за песна на Евровизија. После победата на Марјам Мамадашвили во Малта, на Грузија и беше понудено да ја организира Детската Евровизија во 2017 година, што националната телевизија на Грузија го прифати. Ова ќе биде прв пат Грузија да биде домаќин на Детска Евровизија иако ова е нивна трета победа на овој фестивал. Детската Евровизија 2017 ќе се одржи во ноември, но конкретни датуми сеуште не се избрани.
Подготви: Филип Етмишовски
